Top Sport

Дибала: Фудбалерите се осамени личности

Аргентинската ѕвезда на Јувентус, Пауло Дибала во интервју за италијанското издание на „Венити фер“, открива детали за својот приватен живот и како бил блиску до откажување од фудбалската кариера.

„Господ ни дал дарба. Сум видел толку многу талентирани фудбалери, толку млади играчи кои можеле да станат професионалци само со витински менталитет. Се обидувам да избегнам такви мисли“, вели Дибала.

Тој открива дека трагичната смрт на неговиот татко го донела блиску до одлука на напуштање на фудбалот.

„Кога имав 15 години почина мојот татко, и мојот клуб ми дозволи да се вратам дома шест месеци, но тие не беа доволни. Сакав да се откажам од фудбалот. Можеби еден ден ќе се сретнам со мојот татко повторно. Луѓето не ги знаат личните приказни на фудбалерите, бидејќи честопати фудбалерите се осамени личности“, објаснува Дибала.

Аргентинецот е поврзуван со трансфер од Јувентус, со Реал Мадрид како еден од заинтересираните клубови, и на Дибала не му недостасува амбиција.

„Сонувам да ја освојам ‘Златната топка’, бидејќи тоа би било гласна порака до децата кои живеат во малите градови, далеку од фудбалските случувања, како кога јас бев дете. Кога имав 19 години, Италија побара да играм за нивната репрезентација, но едноставно морав да ја одбијам понудата. Јас сум Аргентинец и ќе беше мамење да играм за друга репрезентација“, вели Дибала.

Дибала: Ова можеби ми е последната сезона во Јуве

Scroll to Top