Top Sport

Дибала ги критикува оние кои не веруваат во Ковид 19

Фудбалерот на Јувентус, Пауло Дибала вели дека оние кои го негираат постоењето на коронавирусот се по интелект исти како оние кои тврдат дека Земјата е рамна плоча.

Аргентинскиот ас во март годинава беше заразен со вирусот и помина цел месец во изолација. Рече дека лошо се чувствувал и буквално се борел да дојде до воздух.

„Оние кои го негираат постоењето на Ковид 19 вирусот имаат иста интелектуална вредност како и оние кои веруваат дека Земјата е рамна плоча. Мислам дека не треба ништо повеќе од ова да кажам“ изјавил Дибала, пренесуваат италијанските медиуми.

Аргентинецот вели дека не се плаши дека може повторно да се инфицира. Нему му беа потребни повеќе од 2 месеци да се рехабилитира и да се врати на теренот.

Scroll to Top