Паоло Дибала не сака трансфер во Манчестер Јунајтед. Аргентинецот за да ги одбие „црвените ѓаволи“ поставил не реални услови, побарал плата од 14 милиони евра. Пред два дена се појави информацијата дека Јунајтед и Јувентус ќе направат трампа Ромелу Лукаку за Паоло Дибала.
Напаѓачот на Јувентус има желба да остане во Серија А, преку својот менаџер порачал дека не сака да игра во Манчестер Јунајтед, туку дека би прифатил трансфер во Интер.
Ваквиот развој на настаните значи дека Лукаку ќе може да се пресели во Јувентус, само доколку „старата дама“ издвои околу 85 милиони евра.
Аргентинецот сака во преговорите да се вклучи Интер. Од „Џузепе Меаца“ со задоволство ја прифаќаат оваа опција, така ќе можат да им ги расипат плановите на Јувентус, кога веќе „страта дама“ им го уништи потенцијалниот трансфер на Лукаку.
Новинарите се убедени дека Лукаку не им е потребен на Јувентус, но дека челниците на клубот покажале интерес за Белгиецот само за да му се одмаздат на Конте и начинот на кој тој во 2014 година заминал од клубот.
Интер би биле во добра позиција за преговори околу трансферот на Дибала, бидејќи и тие во своите редови имаат незадоволен фудбалер, Мауро Икарди.
Токму поради него не е исклучено дека големите ривали ќе отворат преговори, а доколку се договорат цехот ќе го плати Лукаку.