Top Sport

Дибала чини 150 милиони евра

Челниците на Јувентус ја одредиле цената за еден од најдобрите играчи во тимот Паоло Дибала.

Како што пренесуваат италијанските медиуми Аргентинецот ќе може да го напушти Торино доколку некој за него плати 150 милиони евра.

Овој износ е многу поголем од она што пред извесно време го понуди Манчестер јунајтед.

Во последно време 24-годишниот напаѓач има проблеми со формата и вишокот килограми поради што го загуби местото во стартната постава.

Дибала во 2015 година од Палермо се пресели во Јувентус. Напаѓачот за „Старата дама“ има одиграно 82 натпревари и постигнато 42 гола. Во тековната сезона во Серија А е стрелец на 12 гола.

Scroll to Top