Top Sport

Дибала не си оди од Јуве, туку преговара за нов договор

И покрај новите шпекулации дека ќе се пресели во Премиер лигата, агентот на Пауло Дибала тврди дека Аргентинецот е пресреќен во Јувентус и дека сака нов договор со клубот.

Дибала за малку ќе беше продаден минатото лето, но потоа беше клучен играч во тимот на Маурицио Сари кој стигна до титулата од Серија А и ја освои наградата за најдобар фудбалер во Серија А. Сепак, по отказот за Сари и ангажирањето на Андреа Пирло, неговата иднина повторно е несигурна, но неговиот агент Хорхе Антун тврди дека неговиот клиент може да добие нов договор, бидејќи неговиот сегашен завршува во 2022 година.

„Слушнав за многу написи во весниците во последните неколку дена, но тие се целосно лажни. Пауло Дибала е фудбалер на Јувентус и среќен е со тоа. Работиме со клубот на обновување на договорот и односите се нормални“, вели Антун.

Scroll to Top