Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала вели дека не може да ја отфрли можноста ова да е неговата последна сезона во дресот на Јувентус.
24-годишниот напаѓач се смета за еден од најубоитите напаѓачи во Европа, но ова признание само ќе ги зголеми шпекулациите дека тој се подготвува за трансфер во Манчестер јунајтед или Барселона.
„Не знам дали ќе бидам во Јувентус целата кариера, и искрено не можам да кажам дека ова не ми е последната година во Торино“, вели Дибала во интервју за „Франс фудбал“.
Ова ќе придонесе за немир кај фановите на „бјанконерите“, за кои последните сезони Дибала е еден од клучните играчи. Напаѓачот постигна 12 гола во 15 меча оваа сезона, иако во последните седум натпревари има само два гола.
Дибала честопати го споредуваат со сонародникот Лионел Меси, но тој вели дека споредбата не е „реална“.
„Секогаш сум му се восхитувал на Роналдињо, но Лео е како Диего Марадона на нашата генерација. Чест е да се игра покрај него во националниот тим. Тој буквално не ‘одвлечка’ на Светското првенство со неговите голови. Вистински лидер“, додава Дибала.