Top Sport

Дибала прв на испит кај италијанските власти

Пауло Дибала е првиот фудбалер на Јувентус кој бил истражуван од страна на италијанските власти за „донираните“ плати за време на пандемијата кои подоцна биле исплатени со тајни договори, тврди „Ла газета дело спорт“.

Финансиската истрага започна пред неколку месеци, почнувајќи со „напумпаните“ суми за трансфери, а сега се прошири на други финансиски зделки на „старата дама“, и според „Ла газета дело спорт“, Дибала попладнево прв бил повикан на испит, а ќе следуваат и други фудбалери, агенти и официјални лица.

Јувентус во 2020 објавија дека фудбалерите се согласиле да се откажат од платата за три месеци за да помогнат на клубот за време на пандемијата, но обвинителите тврдат дека многу фудбалери ги добиле целосните плати, но не преку сметките на Јувентус. Според „Газета“ се работи за суми од 60 милиони евра од најавените „заштедени“ 90 милиони евра.

Scroll to Top