Top Sport

Диего Чоло Симеоне – миленик на сите навивачи на Атлетико

Изминатите денови многу медиуми пишуваа дека она што е Алекс Фергусон за Манчестер јунајтед и Арсен Венгер за Арсенал, тоа е Диего Симеоне за Атлетико Мадрид. Поврзаноста е очигледана и покрај тоа што популарниот Чоло во Мадрид е „само“ седум години.

Симеоне во Мадрид пристигна во декември 2011 година, оттогаш до денес, го предводеше клубот до шест пехари во осум финални натпревари, последниот „колчонерос“ го освоија во средата.

foto: epa

Мандатот во Атлетико, Чоло, го започна со трофеј во Лига Европа, во Букурешт 2012 година, во финалетобеше совладан Атлетик Билбао со 3:0. Следуваше титулата во УЕФА Суперкупот, победа над Реал во финалето на домашниот Куп и трето место на табелата во Примера.

Следната сезона, 2013/2014 Чоло со својот Атлетико успеа да го разбие монополот на Реал И Барселона и да ја освои шампионската титула во Ла Лига. Прва за клубот по 1996 година, а член на таа генерација бил и актуелниот тренер Симеоне.

Два пати Чоло го предводеше Атлетико и во финалето, во Лигата на шампионите, но не успеа да го освои пехарот.

Од крајот на декември 2011 година до денес, Чоло го предводел Атлетико на 377 натпревари, на кои тимот забележал 233 победи. Неверојатен е податокот дека од 377.одиграни натпревари, Атлетико на 200 не примил гол. Тука треба да се издвои Јан Облак кој ја сочувал мрежата на Атлетико на 91 од тие 200 натпревари, а досега има 160 натпревари во почетниот состав.

Секако дека Симеоне не е заслужен за изградбата на новиот стадион, ултрамодерниот „Ванда Метрополитано“, но не треба да се заборави дека во неговата ера „Винсенте Калдерон“ замина во историјата и дека Атлетико се пресели на еден од најатрактивните споретски објекти.

Можеби на некого не му се допаѓа начинот на кој игра овој Атлетико на Симеоне, но навивачите на „јорганџиите“ се задоволни. Чоло успе да го доближи Атлетико до Барселона и Реал.

Scroll to Top