Искусниот уругвајски напаѓач Диего Форлан реши да ја продолжи кариерата иако во мај ќе наполни 39 години. Форлан кариерата ќе ја продолжи во Хонг Конг во шампионскиот тим на Кичи, чиј прекар е Барселона од Хонг Конг.
Фудбалерот, роден во 1979 година во Монтевидео, изминатите три месеци ги мина во Индија, во Мумбај Сити.
Откако му истече договорот со Мумбај Сити, реши да се пресели во Хонг Конг. Кичи ќе биде десеттиот клуб во кариерата на Форлан. Претходно играл за Индепендиенте, Манчестер јунајтед, Атлетико Мадрид, Интер, Интернасионал од Порто Алегре, Серезо Осака и Пењарол.
Форлан во 2010 година, кога Уругвај го освои четвртото место на Светското првенство во Јужна Африка, ја понесе наградата за најдобар играч на турнирот.
Уругваецот со Кичи ќе игра во Премиер лигата на Хонг Конг и во Лигата на шампионите во Азија.
En Wembley ahora viendo Tottenham vs Liverpool!! #TottenhamLiverpool #Wembley ⚽️ pic.twitter.com/7Luxtcs9Ft
— Diego Forlan (@DiegoForlan7) October 22, 2017