Диего Коста е подготвен за подобар втор период со Атлетико Мадрид, откако, конечно, беше претставен како фудбалер на „јорганџиите“.
Бразилецот поминаа три месеци на тренинг терените на Атлетико по заминувањето од Челси бидејќи Атлетико имаа казна за регистрација на нови играчи од УЕФА.
„Долго го чекав овој ден, но работев напорно бидејќи немав што друго да правам. Доста ми е од тренинзи“, вели Коста.
Тој ги предводеше Атлетико до прва лигашка титула по 18 години во 2014 година, по што замина во Челси. Во септември тој беше продаден назад за 57 милиони фунти, речиси двојно повеќе од првиот трансфер.