Барселона, во саботата, го победи Атлетико Мадрид (2:0) и практично си обезбеди нова титула во шпанското првенство.
Неколку дена по натпреварот јавноста не се занимава со победата на Барселона, туку со она што го направи Диего Коста во 28 минута.
Напаѓачот на Атлетико направи неверојатна глупост, го навредил судијата Хесус Хил Мансано и доби директен црвен картон.
„Да ѝ се по….м на твојата е…..а мајка“, наводно му рекол Бразилецот со шпански пасош на судијата.
Откако му станало јасно дека поради „гнасниот јазик“ ќе биде исклучен, Диего Коста се обидел да се извлече на бизарен начин. Шпанските медиуми тврдат дека Коста на судијата му рекол дека не ја навредил неговата туку својата мајка.
Диего Коста сигурно ќе добие неколку натпревари суспензија (казната е од четири до осум натпревари), а многу веројатно е дека натпреварот со Барселона беше последен за негов во дресот на Атлетико. Најавите од клубот се дека тој ќе биде продаден во Кина во летниот преоден рок.