Диего Симеоне и Атлетико Мадрид добија лоши вести на неколку дена пред стартот на Ла лига, откако напаѓачот Диего Коста заработи повреда на бутниот мускул.
Атлетико потврдија преку соопштение дека Шпанецот со бразилско потекло се повредил во последната минута од 2:1 победата над Јувентус во саботата во Стокхолм, но не дадоа проценка колку тој ќе паузира.
Ова е продолжување на фрустрирачката форма за поранешниот фудбалер на Челси, откако тој пропушти голем дел од минатата сезона поради повреда на коленото, по што следуваше импресивната пред-сезона во која имаше 4 гола против Реал Мадрид минатиот месец.
На Атлетико, нема да му недостасуваат напаѓачи ако се оствари најавата за купување на Родриго од Валенсија за 60 милиони евра.