Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Диего Коста, рекол дека да побарал немало да добие толку од своето враќање на фудбалските терени по долгата пауза и дека повторно се чувствува како фудбалер.
„Не можев да побарам повеќе од првиот меч. Повторно играм, а покрај тоа постигнав и гол. Пресреќен сум, повторно се чувствувам како фудбалер“, рекол Коста.
Диего Коста го одигра првиот натпревар од враќањето во Атлетико и постигна еден од четири гола во куп победата над Леида. .
Коста беше играч на Атлетико до летото во 2014 година кога се пресели во Челси. Тој ова лето се врати меѓу „јорганџиите“ за сума од 66 милиони евра, но поради забраната за трансфери која ја имаше Атлетико не можеше да настапи во првиот дел од сезоната.