Жозе Мурињо може повторно да го донесе својот „омилен“ напаѓач Диего Коста во Премиер лигата, откако Тотенхем се заинтересирани за договор со Атлетико Мадрид, кои би можеле да се решат на трансфер посебно бидејќи Шпанецот со бразилско потекло за 12 месеци може да замине како слободен фудбалер.
Коста помогна на Челси да освојат две титули од Премиер лигата под Мурињо во 2014 и 2017 година, пред да влезе во конфликт со Антонио Конте и да примора трансфер во Атлетико. Двајцата остануваат во контакт и се блиски пријатели.
31-годишниот Коста ја има и целосната поддршка на Диего Симеоне во Атлетико , но по враќањето во Мадрид не му одеше најдобро – тој постигна само 15 голови во 53 меча во последните три сезони. Минатата сезона тој одигра 30 натпревари и имаше 5 гола.