Севилја и Атлетико Мадрид одиграа 1:1 во дерби дуелот одигра во рамките на 12 коло во Ла Лига.
На „Санчез Писхуан“ двата тима одиграа тактички и здодевно прво полувреме. Севилја во тој период успеа да постигне гол. Во 28 минута Франко Васкез упати удар со глава, Јан Облак лошо реагираше и топката заврши зад неговиот грб.
Атлетико притисна од старто на вториот дел. „Јорганџиите“ постигнаа гол преку Диего Коста, кој судијата го поништи бидејќи асистентот Кореа бил во офсајд.
Во 60 минута добра акција на Атлетико Аријас нафрли, а Мората ја спроведе топата во мрежата. Мората го постигна четвртиот гол на последните четири натпревар.
12 минути подоца ВАР му додели пенал на Атлетико, а ударот на Диего Коста го одбрани Вацлик.
Во самиот финиш нова драматична ситуација пред голот на Севилја по обидот на Диего Коста. Интервенираше Кунде, впечатокот е дека бранеше со рака на гол-линијата но ВАР овој пат не реагираше.