Атлетико Мадрид одреден период ќе биде без напаѓачот Диего Коста кој се повреди, во четвртокот, во реваншот против Спортинг Лисабон, во Лига Европа.
Шпанскиот репрезентативец на почетокот на второто полувреме побара измена, а откако му биле извршени дополнителни лекарски прегледи клубот објави дека има повреда на левиот бутен мускул.
На својјата интернет страница Атлетико не објави колкава пауза го очекува Диего Коста.
Можно е тој да ги пропушти првенствените дуели против Леванте, Реал Сосиедад и Бетис, за да биде целосно подготвен за првиот полу-финален меч во Лига Европа, против Арсенал на 26 април во Лондон.