Top Sport

Диего Коста: Сите судии ме мразат

Диего Коста смета дека фудбалските судии го мразат, откако повторно доби жолт картон и не му беше признат пенал за Атлетико Мадрид.

Шпанецот со бразилско потекло се врати во Атле по настапот за шампионскиот тим на Челси, но неговиот договор беше официјализиран во зимскиот преоден рок поради забраната за трансфери која ја имаше шпанскиот клуб.

Тој постигна четири гола во осум натпревари за „јорганџиите“, но доби славен црвен картон поради прослава, а „пожолти“ при 2:0 победата над Атлетик Билбао во неделата. Тој исто така сметаше дека мораше да има пенал по стартот на Унаи Нуњез.

„Судиите ме мразат и не можам да направам ништо за да го сменам тоа. Некои од нив веднаш се фаќаат за картонот за најмал детаљ, и не е важно ништо друго. Против Билбао судијата реши да ми даде жолт картон без разлика на што се случува. Погледнете ги снимките и анализирајте, јас не можам ништо да направам“, изјави Коста за „Диарио АС“.

Коста беше „отпуштен“ од Челси преку СМС-порака од менаџерот Антонио Конте, по што изјави дека бил третиран како „криминалец“ од страна на управата на лондонскиот клуб.

Гамеиро и Коста за нова победа на Атлетико (Видео)

Scroll to Top