Напаѓачот на Шпанија, Диего Коста, имал вербален судир со ирански новинар, по натпреварот од 2.коло во Б-групата, кој Шпанија го доби со 1:0.
Фудбалерот на Атлетико Мадрид го постигна единствениот гол на натпреварот во 54.минута. Диего Коста „полудел“ кога новинарот го прашал зошто во текот на целиот натпревар ги провоцирал своите противници.
„Зошто вие сакате да ги провоцирате фудбалерите?“, прашал Бразилецот со шпански пасош и продолжил:
„Кој натпревар вие го гледавте? Секогаш стоев сам. Тие не предизвикуваа, леже по теренот. Погледнете ја пошироката слика. Погледнете што се случуваше, не можете вака да зборувате само поради тоа што репрезентацијата е од вашата земја. Не би требало да поставувате глупави прашања“.
Диего Коста против Иран го постиган третиот гол на светското првенство. По две кола Шпанија и Португалија се на челната позиција во групата со по четири бода, Иран има три, а Мароко е без освоен бод.
Во последното коло, на 25.јуни. Шпанија ќе игра против Мароко, а Иран против Португалија.