Top Sport

Диего Коста: Видете кај е сега Конте!

Диего Коста и Челси немаа убав „развод“. Бразилецот влезе во конфликт со тогашниот тренер Антонио Конте, кој по крајот на сезоната 2016/17, кога „сините“ ја освоија титулата од Премиер лигата преку СМС-порака му рече на напаѓачот дека веќе не смета на него.

По ова, Диего Коста половина сезона „седеше“ дома, пред во јануари 2018 да се врати во Атлетико Мадрид. Сега, Бразилецот не можеше да се воздржи и се изнасмеа што Италијанецот остана без работа, откако беше заменет од Маурицио Сари.

„Тоа беше навистина лош момент, но грешката не беше моја. Луѓето зборуваа, но времето става сѐ на свое место. Видете каде е Конте сега! Згрешив што заминав во Челси бидејќи така ги решаваа работите. Со Диего Симеоне во Атлетико имам директен однос и ако не те сака, ќе ти го каже веднаш. Во Челси беше целосна спротивност. Да не ме пуштеа, ќе останев дома со моето семејство и ќе седев таму. Имам некои вредности кои парите не ги купуваат“, вели Коста во интервју за „Марка“.

Scroll to Top