Top Sport

Дигар: Не разбирав ништо што зборуваше Страхан поради шкотскиот акцент

Поранешниот фудбалер на Мидлзборо, Дидие Дигар вели дека морал да замине од тимот бидејќи не разбирал ништо што зборува шкотскиот менаџер Гордон Страхан.

Дигар пристигна во Боро во 2008 година и беше стартер во првата сезона, но откако дојде Страхан како главен тренер, тој во 2010 година замина во Ница на позајмица, трансфер кој подоцна беше направен постојан. Дигар вели дека едноставно не успеал да го „пробие“ акцентот на Страхан.

„Кога пристигнав во Мидлзборо имав 22 години, се мачев да научам англиски, но со Герет Саутгејт како тренер немав проблеми. Паднавме во втора лига, и кога почна сезоната го отпуштија иако бевме втори и дојде Гордон Страхан. Не сфаќав ништо што зборува. Потпишав за Ница бидејќи не разбирав ништо и не знаев дали зборува англиски воопшто. Со него бев загубен“, вели Дигар.

Дигар играше пет години во Ница и имаше над 150 настапи за францускиот прволигаш, пред да се пензионира како фудбалер на шпанскиот клуб Лорка во 2018 година.

Scroll to Top