Top Sport

„Диктаторот“ Рамос не бил омилен во Реал

Серхио Рамос повеќе не бил омилен лик во соблекувалната и меѓу челниците на Реал. Поради ова шпанските медиуми не ја исклучуваат можноста тој да го напушти клубот во летниот преоден рок.

Наводно капитенот на Реал покажувал повеќе нервоза откако Критијано Роналдо заминал од клубот. Тој бил иницијаторот Хулен Лопетеги да биде наследникот на Зинедин Зидан, кога Флорентино Перез му врачи отказ на тренерот, Рамос не се согласувал негов наследник да биде Антонио Конте.

Во минатото, кога клубот го напуштаа Рафа Бенитез и Жозе Мурињо, па и Карло Анчелоти, Рамос секогаш на своја страна го имал Кристијано Роналдо, поради што и соиграчите најчесто ги поддржувале нивните ставови.

Флорентино Перез му бил лут и поради тоа што побарал нов договор со преголема плата. Пред неколку години Рамос го одби Манчестер Јунајтед бидејќи од Реал доби 10 милиони евра годишна плата, сега наводно барал 18 милиони евра по сезона.

Јасно е дека Перез нема намера да издвои толку пари за плата 32-годишен фудбалер чии договор истекува за 18 месеци.

Исто така Рамос не бил омилен ниту кај младите играчи на Реал, особено поради тоа што го омаловажувал младиот лев бек Регулион. Според новинарите Рамос веќе подолго време воопшто не разговарал со Иско, а исто така тој бил пречката Жозе Мурињо да се врати во Реал.

Scroll to Top