Top Sport

Дилросун ja предводеше Херта до трета победа во низа (видео)

Херта Берлин се врати од гол негатива, и предводена од Жаваиро Дилросун и Ведад Ибишевиќ стигна до 3:1 победа над Фортуна Диселдорф во првиот меч од седмото коло во Бундеслигата, нивни трет триумф во низа по лошата серија од три порази.

Иако Херта почна напаѓачки, гостите дојдоа во водство во 32. минута преку гол од пенал, кој Рувен Хенингс сигурно го реализираше. Но, само пет минути подоцна, Ибишевиќ со одличен волеј израмни на 1:1. Потоа на сцена стапои Дилросун и со својот трет гол во последните три натпревари донесе предност за „старата дама“ во 44. минута. Конечните 3:1 ги постави Дарида во 62. минута за да спречи кам-бек на Диселдорф.

Scroll to Top