Вилјареал со 2-0 славеше против Рајо Ваљекано на нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски во рамки на 17. коло во шпанската Ла Лига.
Менди во 32 минута и Морено од пенал, во 38 минута го совладаа чуварот на мрежата на Рајо за триумф и три бода кои ги одведоа до 13-тата позиција на табелата.
Рајо со денешниот пораз остана шестопласиран со 27 поени.