Мајк Дин (50), синоќа, влезе во историјата на Премиер лигата. Еден од највпечатливите ликови од фудбалските терени во Англија, на натпреварот Вулверхемптон-Манчестер Јунајтед го покажа 100 црвен картон во кариерата.
Ниту еден фудбалски судија во Англија досега не стигнал до бројката од 100 црвени картони во кариерата. За да влезе во историјата на Премиер лигата, Дин имаше „помош“ од Ешли Јанг.
Капитенот на Манчестер Јунајтед во интервал од пет минути доби два жолти картони, поради што Дин го исклучи.
Мајк Дин со судењето започнал да се занимава кон крајот на 90 години од минатиот век, а од 2000 година ја дели правдата на натпреварите во Премиер лигата. Оваа сезона Дин има покажано десет црвени картони.