Top Sport

Динамо Киев во Барселона со само 13 играчи

Динамо Киев утре ќе гостува во Барселона, во Лигата на шампините. Украинскиот тим на „Ноу Камп“ ќе пристигне со само 13 фудбалери. Повеќе од пола тим е заразен со коронавирусот.

Доколку во тимот се појави уште еден случај на коронавирус натпреварот ќе биде одложен. Според правилата на УЕФА, еден тим мора да има најмалку 13 здрави фудбалери за да може да биде одигран еден натпревар.

Со коронавирусот се заразени Цитиашвили, Шрапенко, Миколенко, Каравајев, Гармаши, Дуелунд, Бушчан и Балут, додека повредени се Костевич, Тимчик и Бурда, а поради суспензија Мирчеа Луческу остана и без Сидорчук.

Scroll to Top