Динамо Загреб стигна до рутинска 2:0 победа на гостувањето кај казахстанскиот шампион Астана за да биде на чекор до пласман во баражот за пласман во Лигата на шампионите, каде што последна пречка ќе им биде швајцарскиот тим Јанг Бојс.
Астана имаше подобар почеток на мечот и во 9. минута имаа удар во дирекот, откако унгарскиот репрезентативец Клајнхајзер имаше одличен слободен удар, пред во 39. минута од мечот, младиот шпански играч од средниот ред Дани Олмо имаше одличен продор и го пронајде Марио Будимир, кој носи водство за „модрите“.
Во второто полувреме, Астана имаа шанса преку Педро во 51. минута, пред Динамо да вратат преку Гаврановиќ и Олмо, кој шутира во голманот. Шпанецот се поправи во 84. минута, кога доби добра топка од Гојак и постигна убав гол од 20 метри за 2:0.