Top Sport

Динамо за големи пари продава уште еден талентиран фудбалер

Динамо Загреб за големи пари ќе продаде уште еден фудбалер кој потекнува од школата на клубот. Хрватските медиуми пренесуваат дека трансферот на Лово Мајер во Олимпик Марсеј е завршена работа.

Марсеј за 23-годишниот фудбалер ќе издвои 12 милиони евра. Покрај оваа сума Динамо преку бонусите ќе добие уште четири милиони евра, а ќе заработи одреден процент и од наредната продажба.

Мајер со Марсеј треба да потпише договор до 2026 година.

Ловро Мајер, сезонава одиграл 22 натпревари за Динамо, постигнал пет гола и забележал осум асистенции.

Scroll to Top