Top Sport

Динамо Загреб чекор поблиску до Лигата на шампионите

Динамо Загреб стигна до минимална 1:0 победа на гостувањето на Кипар кај Омонија за да се пласира во третото претколо во Лигата на шампионите, каде што ќе го пречека полскиот шампион  Легија Варшава, кој ја елиминираше естонска Флора со две победи во двата меча.

Тимот на Дамир Крзнар имаше 2:0 предност од првиот меч во Загреб, и на високите температури во Кипар, стигна до минимална победа благодарение на голот на замената Лука Менало во 79. минута од мечот.

ЛШ КВАЛИФИКАЦИИ

Флора (Ест) – Легија Варшава (Пол) 0:1, прв меч 1:2, вкупно 1:3

Омонија (Кип) – Динамо Загреб (Хрв) 0:1, прв меч 0:2, вкупно 0:3

ХЈК Хелсинки (Фин) – Малме (Шве) 2:2, прв меч 1:2, вкупно 3:4

Scroll to Top