Top Sport

Динамо Загреб „раскина“ со Бјелица

Хрватскиот шампион, Динамо Загреб потврди дека се договориле со тренерот Ненад Бјелица за раскин на договорот, откако тренерот влезе во конфликт со клубот поради одбивањето за намалувањето на платите на фудбалерите.

„ГНК Динамо и господинот Ненад Бјелица се договорије за прекин на професионалната соработка. Му благодариме на соработката и резултатите кои ги оствари како тренер на Динамо“, се вели во соопштението на „модрите“.

48-годишниот Бјелица дојде во ДИнамо во 2018 година и во 99 меча има 71-15-13 скор, две хрватски титули и пласман во Лигата на шампионите, каде што оваа година беа блиску до прво поминување на групната фаза.

Бјелица призна дека не можеле да се согласат околу парите кои треба да ги добива, но вели дека си заминал без да се искара со никого, дури ниту со Здравко Мамиќ, кој неодамна ја објави јавно неговата плата за да направи притисок да се прифатат мерките за штедење.

„Јас ги бранев моите одлуки. Можеше и поинаку да заврши, а на Динамо му посакувам сè најдобро. Износот кој Динамо го нудеше не беше тоа што го очекувавме, сакавме поинаков начин и комуникација. Тоа што Мамиќ ја објави мојата плата не е многу важно. Не се искарав ниту со него, тој ми беше поддршка“, изјави Бјелица.

Мамиќ контра неблагодарните во Динамо: На мака се познаваат јунаците!

Scroll to Top