Пред „Дер класикер“ овој викенд, директорот на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке признава дека ѕвездата на Баерн Минхен, Џошуа Кимих го нервира, најмногу поради тоа што игра во одлична форма.
25-годишниот Кимих како најмногу да ужива во дербито, постигнувајќи два гола во последните два меча – фантастично наткревање пи камбекот на Бундеслигата во мај, и брзата реакција за освојување на ДФЛ суперкупот во септември. Иако во минатото не беше сметан за посебно талентиран, Кимих доби на репутација под Ханси Флик, станувајќи фантастичен дел од неговата „машина“.
Вацке, признава, дека најмногу би сакал да го има во својот тим.
„Иако се работи за чиста фантазија, најмногу поради економски причини морам да одговарам. Тој што навистина го сакав во Баерн последните сезони е Кимих. Секогаш ме нервира бидејќи е многу добар и ни дава голови. Начинот на кој игра е фантастичен и тоа момче навистина ме импресионира“, вели Вацке.
Баерн доминира во „Дер класикер“ последните сезони, победувајќи осум од последните 10 меча во сите натпреварувања.
What. A. Goal.
Where did Joshua Kimmich pull this from? ? pic.twitter.com/iLG3QUBRkz
— Goal (@goal) May 28, 2020