Top Sport

Директорот на РАИ: Јувентус победува бидејќи го контролира ВАР!

Новиот директор на РАИ 2, Карло Фречеро влезе во неверојатен напад на италијанските шампиони, велејќи дека Јувентус го контролира ВАР системот за помош на судиите во Серија А.

Бизарниот инцидент се случи за време на претставувањето на Фречеро на чело на државниот ТВ канал, откако тој беше запрашан дали ќе се обиде да донесе повеќе фудбал на РАИ, кои засега ги имаат правата само на натпреварите од Копа Италија и дел од Лигата на шампионите. Фречеро не се штедеше.

„Сега гледам само Премиер лига, бидејќи Јувентус секогаш победуваат во Италија. Тоа е така бидејќи го окупираа ВАР системот. Цел систем е контролиран од нив, тие маневрираат и си прават што сакаат. Навистина иритирачки. Форца Рома!“, изјави Фречеро.

Јувентус засега не одговори на овие обвинувања.

Scroll to Top