Top Sport

Дирк Кајт: Што ќе бара Шериф во ЛШ, не се за таму!

Молдавскиот шампион Шериф Тираспол во квалификациите за фудбалската Лига на шампиони најпрво ја елиминираше белградска Црвена Звезда, а синоќа на првиот меч од плеј-оф колото на свој терен му зададе силен удар на загрепски Динамо – победа од 3:0.

Сепак, не гледаат сите со воодушевување на тоа што ЛШ би можело да се игра во Молдавија. Легендарниот холандски фудбалер кој афирмацијата ја имаше во Ливерпул го има токму тоа мислење.

„Знам дека ЛШ е натпреварување во кое играат шампионите на европските земји, но екипа како Шериф нема што да каже во едно вакво натпреварување“ вели Кајт.

Од друга страна, пак, тоа е големината на ова натпреварување, во него да се најдат шампионите на европските земји, а не како да има по 4 клуба од иста земја.

Останува да се види реакцијата на Молдавците по оваа провокација.

Scroll to Top