Гранит Џака капитенот на Арсенал одговорил на критиките што синоќа во гостувањето на „Скај“ телевизијата кон клубот ги упатил Патрис Евра.
Арсенал синоќа беа поразени од Шефилд Јунајтед со 1:0. Тимот на Унаи Емери по вториот пораз во сезоната е на петтото место со 15 бода.
„Кога играв против Арсенал секогаш знаев дека ќе победиме. Ништи не се сменило до денес. Навивачите на Арсенал сигурно се лути кога ќе гледаат дека Џака е капитен. Тој не е вистински капитен“, рекол Евра.
„Луѓето некогаш премногу зборуваат. Го почитувам дека бил одличен фудбалер, но мора да внимава што зборува. Тој добро ја познава ситуацијата и не единствениот што зборува на овој начин. Многу луѓе с…т и секогаш е исто“, му порачал Џака на поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед.