Гранит Џака со „бомба“ донесе израмнување на 1:1 за Швајцарија против Србија на стартот на второто полувреме, поништувајќи ја предноста која Србија ја имаше рано по голот на Александар Митровиќ.
XHAKA WITH ONE OF THE BEST GOALS YOU WILL SEE THIS WORLD CUP. WHAT A STRIKE pic.twitter.com/jzRHsohYCA
— World Cup (@FlFAWC2018) June 22, 2018
По што на српските навивачи им го покажа „орелот“, во мала провокација, која сигурно не помина незабележано во Србија.
Фудбалерот на Арсенал, Џака е роден во Швајцарија, но неговото семејство доаѓа од Куршумлија во Србија, и иако пред се креваше тензија, до овој момент немаше некој инцидент.