Top Sport

Џака останува во Арсенал до 2024 година

Швајцарскиот фудбалски репрезентативец, Гранит Џака (28) иако во неколку наврати беше поврзуван со заминување од „Емирати“, сепак денеска потпиша нов договор со тимот на Арсенал, со важност до 2024 година.

„Домот е каде што е вашето срце. Горд сум што ја продолжив соработката со Арсенал“ – напиша Џака на социјалните мрежи.


Поранешниот играч на Базел и Борусија Менхенгладбах во лондонскиот клуб е од 2016 година. За „топчиите“ одигра 163 натпревари и постигна 9 гола.

Scroll to Top