Тренерот на Торино, Марко Џампаоло вели дека не е загрижен за дуелот со неговиот поранешен клуб Милан, каде што имаше неславна авантура минатата сезона.
Џампаоло доби неочекуван отказ по само седум меча на „Сан Сиро“ и беше заменет од Стефано Пиоли, кој оттогаш има уште понеочекуван успех со „росонерите“ и во моментов и покрај поразот од Јувентус во дербито е на првото место на табелата.
„Не можам да бидам загрижен за меч со Милан, бидејќи порано или подоцна, мора да се сретнете и со лидерите. Повеќе ме загрижува каков е календарот, бидејќи имаме 5 меча за 13 дена, а другите клубови имаат по два-три дена одмор. Милан покажаа дека се силни и со повредените играчи и кога имате низа на последователни добри резултати, значи сте изградиле нешто значајно“, вели Џампаоло.