Top Sport

Џејмс Колинс го скина договорот неколку часа откако го потпиша!

Велшкиот ветеран Џејмс Колинс направи еден неочекуван, но и спортски гест, откако го раскина краткорочниот договор со Астон вила, само неколку часа откако го потпиша.

35-годишниот Колинс на крајот на минатата сезона беше отпуштен од Вест хем, а оваа сезона беше поканет на тренинзи со Астон вила и откако импресионираше на неодамнешниот пријателски меч, тој добил договор на пет недели до крајот на јануари, наводно за 10.000 фунти неделно.

Но, само еден час откако го потпишал договорот, Колинс го раскинал, бидејќи кога почнал со тренинзи го истегнал бутниот мускул. Тој веднаш отишол во Бодимир хит, тренинг-центарот на Вила и го раскинал договорот, бидејќи сметал дека не е фер да добива пари додека е повреден.

Според „Дејли мирор“, ова го импресионирало водството на клубот, бидејќи ретко се сретнува пример на фудбалер кој одбива да биде платен додека е повреден, и сега најверојатно ќе добие договор до крајот на сезоната кога ќе ја врати физичката подготвеност.

Scroll to Top