Top Sport

Џек Грилиш е првата желба на Гвардиола, Вила сега бара 100 милиони фунти!

Иако многумина очекуваат најголемото засилување на Манчестер сити и Пеп Гвардиола во 2021 да биде Лионел Меси, според весникот „Индепендент“, каталонскиот тренер го пикирал Џек Грилиш од Астон вила како прва мета.

Гвардиола сега ќе се посвети на засилувања на Сити благодарение на огромниот буџет на газдите, откако веќе се обврза на продолжување на договорот до 2023 година, и иако Меси и Хери Кејн од Тотенхем се опции, 25-годишниот Грилиш е фудбалер кој Гвардиола смета дека може да го препороди клубот и тој веќе зборувал со Кевин де Брујне за засилувањата.

До ова лето, Грилиш беше еден од фудбалерите кои се поврзуваа со трансфер во ривалите Манчестер сити, но сега по одличниот старт на сезоната на Англичанецот за клубот и за репрезентацијата, апетитите пораснаа – ако досега тој беше достапен за 70-тина милиони фунти, Вила сега ќе бара за фудбалерот од нивната академија дури 100 милиони фунти. Грилиш има нов договор со Вила до летото 2025 година.

Scroll to Top