Top Sport

„Џек мојата мајка го сака твојот шорц“

Најскапиот во историјата на Манчестер сити, Џек Грилиш, добил необично барање од еден млад навивач.

Сити, во средата, го победија Клуб Бриж со 4:1. Од неколкуте транспаренти на трибините една посебно се издвои.

„Џек, мојата мајка го сака твојот шорц, а добро би и дошла и маицата“, му порачал малиот фан на Грилиш.

Грилиш сезонава има одиграно 15 натпревари за Сити, постигна два гола и забележал три асистенции.

Scroll to Top