Капитенот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Един Џеко во интервју за хрватскиот весник „Вечерњи лист“, зборуваше за искуството за играње против Грција во квалификациите за СП во Русија во 2018.
Двата дуели меѓу БиХ и Грција завршија со реми (1:1 и 0:0). Во првиот меч Грците стигнаа до поен со гол во 95. минута, а вториот заврши без голови во непријателска атмосфера во Зеница. Џеко доби црвен картон во првиот меч во Пиреја во 79. минута, и ги предупредува Хрватите пред првиот меч од баражот за Русија да внимаваат на непредвидливиот противник.
„Требаше да победиме во двата натпревари, но ни недостасуваше среќа и концентрација. Натпреварите со Грција се такви – искри на теренот, многу провокации и надмудрувања. Грците имаат силен тим, трпеливи се и не напаѓаат без глава. Ќе направат сè да испровоцираат жолт или црвен картон“, вели Џеко.
Тој додава дека „нормално“ ќе навива за соседите Хрватска, а не сакаше да ја коментира пресметката со колегата од Рома, Костас Манолас на првиот меч во Пиреја.
„Не сакам одмазда, но ќе навивам за Хрватска. Имам многу добри пријатели во репрезентацијата на Хрватска, а фактот што ме соседи зборува доволно и треба да се помагаме. Барем така би требало да биде“, вели напаѓачот на Рома.