Един Џеко го комплетираше медицинскиот тест пред трансферот во Интер, а италијанските медиуми тврдат дека Рома нема да добие пари за трансферот, туку се договорени само некои бонус исплати.
35-годишниот Џеко е пред последната сезона од договорот со Рома, но се очекуваше да чини барем 2 милиони евра за трансферот, но „Скај спорт Италија“ тврди дека воопшто нема пари за трансферот, туку Рома ќе добие само 1.8 милиони евра бонус ако Интер се квалификува за Лигата на шампионите.
Џеко, пак, во Милано го комплетираше медицинскиот тест и новинарите забележија дека во рацете има шал на Интер. Босанскиот „дијамант“ е во Рома од 2015 година, постигнувајќи 119 гола во 260 меча за „волчицата“.
Edin #Dzeko dopo le visite mediche con l’#Inter ⚫️? con una sciarpa nerazzurra tra le mani. @tvdellosport
? @andreazedda_ pic.twitter.com/z1Oc1nVQOC— Gianluigi Longari (@Glongari) August 11, 2021