Фудбалерот на Рома, Един Џеко, бил на чекор од Реал Мадрид во јануарскиот преоден рок, пишува „Марка“. Џеко во Рим пристигна од Манчестер сити во 2015 година и досега има постигнато 74 гола.
Според истиот извор, добрата форма на Џеко била причината Реал да оствари контакт со фудбалерот, меѓутоа договорот за трансфер не бил постигнат.
Џеко не сакал да оди во Мадрид, бидејќи бил среќен поради формата во која се наоѓа. Подоцна тој беше најзаслужниот што Рома стигна до полу-финалето во Лигата на шампионите.
Сепак на почетокот на новата сезона, работите се далеку од добри за Рома. Во средата, во Мадрид, римјаните беа поразени токму од Реал со 3:0.