Top Sport

Џеко пред преселба во САД

Напаѓачот на Рома, Един Џеко е блиску до договор со Лос Анџелес галакси, јавуваат босанските медиуми, откако забележиле дека неговата сопруга Амра веќе избрала ново училиште за децата во САД.

Амра Џеко има ќерка од претходниот брак, која веќе се запишала во колеџ во Лос Анџелес следната година, јавуваат босанските медиуми, а таа веќе има живеено во Лос Анџелес каде што се сретна со Џеко додека тој беше фудбалер на Манчестер сити.

Договорот на Џеко со Рома завршува во јуни 2022 година, и „волчицата“ се надева дека ќе го заддржи 35-годишниот ветеран, посебно бидејќи Пауло Фонсека ќе замине од тренерската позиција за на негово место да дојде Жозе Мурињо.

Scroll to Top