Top Sport

Џеко се договорил со Интер

Един Џеко по завршувањето на сезона по четири успешни години ќе ја напушти Рома. Интерес за него има кај Вест Хем и Интер, но како што тврдат италијанските медиуми тој нема намера да се враќа во Премиер лигата.

Според истите извори, Џеко, ја прифатил понудата на Интер,а трансферот би требало да биде официјализиран до крајот на неделата.

Репрезентативецот на БиХ со Интер ќе потпише две годишен договор, а ќе добие годишна плата од 4,5 милиони евра.

Она што засега го кочи трансферот е обесштетувањето што го бара Рома. Од „Олимпико“ побарале 15 милиони евра, а Интер се обидуваат да ја намалат цената за 33 годишниот напаѓач.

Џеко треба да го замени Мауро Икарди, кој по сите случувања ќе си оди од Интер.

Scroll to Top