Откако претседателот на Рома, Монки изјави дека понудата на Челси за Един Џеко „не е интересна“, босанскохерцеговскиот напаѓач врати со гол во 91. минута со кој Рома „спаси“ поен на гостувањето кај Сампдорија.
Рома беше пред пораз откако ветеранот Фабио Квараљела постигна гол од пенал во финишот на првото полувреме во Џенова, и римјаните не најдоа начин како да ја пробијат одбраната на домаќините, се до одличниот гол на Џеко по очајничкиот обид за напад во 91. минута од мечот.
По овој заостанат меч од 21. коло во Серија А, Рома е петта со 41 поен, 11 помалку од лидерот Наполи, додека Самп се шести со 34 поени.
Се веруваше дека трансферот на Џеко во Челси е завршена работа, но по денешните случувања таа ситуација станува сè понеизвесна.