Фудбалерите на Барселона, не блескаа, меѓутоа остварија убедлива победа над Рома во првиот четврт-финален меч во Лигата на шампионите.
Играчите на Рома си постигнаа два автогола, а катастрофалните грешки во дефанзивата на „волчицата“ ги казнија Пике и Луис Суарез за конечни 4:1. Един Џеко го постигна единствениот гол за Рома. По мечот тој истакнал дека Барселона е поквалитетна екипа, а на судиите им порачал дека мора да покажат повеќе храброст.
„Барселона е посилна од нас, тука нема ништо спорно, меѓутоа судијата мора да има храброст да свирне нешто против нив на „Ноу Камп“. Доколку ни досудеа пенал на почетокот на мечот, кога бев соборен во шеснаесетникот на Барселона, натпреварот ќе имаше поинаков тек. Сите екипи би требало да имаат ист третман“, рекол Џеко.
„Се обидовме со висок пресинг и покрај тоа што знаевме дека Барселона е многу силен тим: Мислам дека поразот од 4.1 е окрутен. Буквално сами си дадовме три гола“, дополнил репрезентативецот на Босна и Херцеговина.
Реваншот помеѓу двата тима ќе се одигра на 10.април на „Олимпико“ во Рим.
фото: EPA