Напаѓачот на Интер, Един Џеко (35) вечерва официјално ќе го отвори ресторанот „Ezza“ на просторот кој на почетокот на годинава го изнајми во Дубровник.
Се работи за локал во елитниот дел од градот. Џеко на социјалните мрежи го најави големото отворање на ресторанот.
„Тоа е местото каде што секогаш се чувствувам како дома и каде ги поминувам летните одмори со семејството. Поради тоа сакав да отворам ресторан кој ќе се разликува од сите останати, а тоа е за сите оние кои го сакаат Дубровник како јас“ порача фудбалерот.
Репрезентативецот на БиХ ресторанот го отвора заедно со неговите пријатели кои се веќе искусни во овој бизнис.
Инаку, на Џеко ова не му е прва деловна инвестиција во градот. Пред две години со негов пријател отвориле кафе бар во градот, а од пред 6 години тој има и вила во Дубровник.