Давиде Никола имаше емотивно збогување со фановите, откако Џенова потврди дека тој е отпуштен и дека негов наследник е Роландо Маран.
Никола беше трет тренер на клубот на Горан Пандев во 2019/20, преземајќи го клубот на 28 декември, кога беа последни на табелата и успеа да ги спаси од испаѓање во последното коло и беше миленик на фановите, пред да биде отпуштен.
„Резултатите се остваруваат тимски и затоа сум благодарен на тимот што го остваривме тоа што сите го сакавме – ја заддрживме Џенова во Серија А. Тоа беше целосно тимски успех – претседателот, клубот, директорите, и секој човек во Џенова, со кој соработував овие седум прекрасни месеци. Ова беше исто така победа за фановите на тимот, мажи и жени кои ги имаат најубавите моменти со нашиот клуб. Ќе се видиме повторно на теренот, а љубовта ќе остане засекогаш. Благодарам Џенова, Форца Грифоне“, напиша Никола.
— Davide Nicola (@DavideNicolaOff) August 26, 2020