Top Sport

Џенова го претстави дресот за 125-годишнината на клубот

Клубот на македонскиот капитен, Горан Пандев, Џенова објави посебен дрес со кој се прославува 125-годишнината од формирањето на најстариот клуб во Италија.

Грифоне се формирани од група на Англичани во стан на Виа Палестро на 7 септември 1893 година со официјално име „Genoa Cricket and Athletic Club“, име кое уште го носат.

На посебниот дрес на „Лото“ го има датумот „7 септември 1893-2018“ со симболот на Скудетото и со англиско знаме. Џенова е четвртиот најуспешен клуб во Италија со девет освоени титули, но последната ја освоија во далечната 1924 година.

Scroll to Top