Спортскиот директор на Џенова, Даниеле Фаџијано потврди дека Давиде Запакоста и Марко Пјаца се новите засилувања за Грифоне, и дека очекуваат уште „три нови играчи“, но дека Марио Балотели не е еден од нив.
„Запакоста и Пјаца се веќе наши играчи и сега се во процес на комплетирање на медицинските тестови и имам целосна доверба во нив. На Хрватот Пјаца веќе му е здодеано од пораките кои ги добива од мене, од Перин, од Бадељ и дури од Кулушевски. Тој е мотивиран и сака да се врати во топ-форма. Ќе додадеме уште тројца фудбалери во тимот, но не верувам дека Маран ќе ја смени 3-5-2 формацијата. Ќе видиме дали Антонио Санабрија ќе се врати од Бетис, но Балотели не е во нашите планови“, потврди Фаџијано.